| четврток, 6 декември 2018 |

Коловозите се влажни, внимавајте на магла кај Градско

магла

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, на некои места по влажни коловози.

Намалена видливост до 30 метри поради магла има на патниот правец Градско – Прилеп.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top