| четврток, 6 декември 2018 |

Што доби Миранда Кер за Божик?

00038233

Австралискиот бизнисмен Џејмс Пакер ѝ подари на супермоделката Миранда Кер обетки вредни 100.000 долари. Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ тврди дека е слободна иако од минатата година нејзиното име се поврзува со милијардерот, а скапиот подарок уште повеќе ги подгрева гласините за љубовна афера меѓу нив двајца.

– Тој ѝ купи прекрасни обетки пред неколку недели. Многу се убави, сонот на секоја девојка – издаваат блиски на Миранда.

james_packer_miranda_kerr

31-годишната убавица, која минатата година се раздели со Орландо Блум, по тригодишен брак, тврди дека е слободна и среќна е поради тоа. Според нејзини пријатели, сепак, двајцата со Џејмс често се среќаваат.

– Тие продолжуваат да се гледаат кога и двајцата се во иста држава, но се среќаваат и со други луѓе – открива близок извор.

6a9a765d6f01be3af4ce196314c93ee2

Миранда можеби го добила подарокот порано за да се избегне непријатна ситуација откако нејзиниот поранешен сопруг Орландо Блум соопшти дека Божик ќе го поминат заедно со Миранда и со нивниот син Флин.

orlando-bloom-miranda-kerr-flynn-bloom

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top