Австралискиот бизнисмен Џејмс Пакер ѝ подари на супермоделката Миранда Кер обетки вредни 100.000 долари. Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ тврди дека е слободна иако од минатата година нејзиното име се поврзува со милијардерот, а скапиот подарок уште повеќе ги подгрева гласините за љубовна афера меѓу нив двајца.
– Тој ѝ купи прекрасни обетки пред неколку недели. Многу се убави, сонот на секоја девојка – издаваат блиски на Миранда.
31-годишната убавица, која минатата година се раздели со Орландо Блум, по тригодишен брак, тврди дека е слободна и среќна е поради тоа. Според нејзини пријатели, сепак, двајцата со Џејмс често се среќаваат.
– Тие продолжуваат да се гледаат кога и двајцата се во иста држава, но се среќаваат и со други луѓе – открива близок извор.
Миранда можеби го добила подарокот порано за да се избегне непријатна ситуација откако нејзиниот поранешен сопруг Орландо Блум соопшти дека Божик ќе го поминат заедно со Миранда и со нивниот син Флин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обетките и нараквицата кои ги носеше Меган Маркл се достапни во продажба во „Картие“
-
Книга е идеален подарок за Нова година
-
Ана и Игор ги донираа свадбените подароци на Заводот за децата со оштетен слух во Битола
-
Љубовта со дијаманти ја „негува“: Емина Јаховиќ добила подарок вреден 8 500 евра од сопругот






