В четврток, 25 декември, во 12 часот во НУБ „Климент Охридски“ ќе се одржи промоцијата на книгата, „За етнологијата… безброј прагови сме поминале“ која е посветена на 70 години од животот на Анета Светиева, профероска во пензија. На промоцијата ќе зборува Никос Чаусидис.
Во склоп на издавачката дејност на Институт за етнологија и антропологија излезе од печат Зборник посветен на 70 години од животот на Светиева, која е најзаслужната за формирањето на катедрата која до 2006 година беше во рамки на Институтот по географија и која има огромен придонес кон развојот на дисциплината во Македонија.
Зборникот содржи автобиографска нарација на Светиева, за нејзиниот живот и историјата на етнологијата, прилози од нејзините колеги за најзначајните моменти од нејзината работа, како и статии од етнолози од регионот, кои соработувале со неа на различни проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.