
Продадени се сите 17 градежни парцели во индустриската зона Неготино кај неготинското село Црвени Брегови, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.
– На последното јавно наддавање организирано од страна на стручните служби при локалната самоуправа Неготино, по електронски пат се продадоа и преостанатите 7 градежни парцели на површина од 8 хектари, со што сите понудени парцели лоцирани во индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови со намена за Г-2 лесна индустрија и Г-4 стоваришта, се продадени – соопштија од општината.
На претходно одржаните 2 јавни наддавања се продадоа вкупно 10 градежни парцели на површина од 16 хектари, што значи продадени се сите понудени 17 парцели на вкупна површина од околу 24 хектари.
– Со оглед на одличната местоположба на индустриската зона, огромниот интерес за купување на градежните парцели беше очекуван, имајќи предвид дека зоната се наоѓа во централното подрачје на нашата држава, со автопат и регионален пат во непосредна близина, како и железничка пруга – посочуваат од локалната самоуправа.
Се очекува по добивањето на неопходните градежни дозволи, инвестирањето да започне во текот на наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


