
Францускиот премиер Мануел Валс повика на „внимателност, единство и заедништво“ по трите напада со исламистичка заднина во последните три дена во Франција , истовремено демантирајќи дека владата сака да го намали нивното значење.
– Не ја релативизираме ситуацијата – изјави францускиот премиер Мануел Валс за радиото „Европа 1“, притоа тврдејќи дека нема поврзаност меѓу нападите во изминатите три дена и дека полицијата е соочена со три поединци кои дејствувале самостојно, што го отежнува работењето на разузнавачките служби.
На иста линија со премиерот беше во понеделникот и шефот на канцеларијата на обвинителството во Нант, Брижит Лами. – Станува збор за изолиран случај. Ова не е терористички чин, и покрај тоа што е планиран – изјави Лами. Сепак, таа призна дека инцидентот од понеделникот навечер во Нант „е сличен“ со оној од неделата, во Дижон.
Имено, возач на комбе, во понеделникот вечерта, во Нант, Франција, се залетал во купувачи, при што изгазил и повредил десет души, а на крај се прободел себеси со нож.
Ова е втор ваков случај во два дена, а фанцуската влада повика итен состанок, пренесуваат француските медиуми.
Најмалку четворица се многу тешко повредени, а еден од нив се бори за живот, по инцидентот, во нант што се случил, во понеделникот во 19 часот, кога граѓаните ги вршеле набавките за Божик.
Бидејќи ова е трет напад во три дена, француските служби се сомневаат дека можеби се работи за копирање еден од друг.
Властите изјавија дека не се работи за терористички акт, како што беше претходниот напад, затоа што овој напаѓач не пратил, ниту извикувал, пак, некаква порака.
Во неделата, човек извикувајќи „Алаху акбар“, влета со своето возило во пешаци во градот Дижон, а подоцна беше утврдено дека возачот страда од душевна болест.
Во саботата, пак, полицијата уби човек кој втрчал во полициска станица, при што ранил тројца полицајци со нож. Тој, исто така, извикувал „Алаху акбар“.
„Не можеме да речеме дека ова е терористички акт“, вели локалниот обвинител, Брижит Лами, за последниот инцидент, кој го карактеризира како изолиран случај.
Министерот за внатрешни работи, Бернанрд Казанов, рече дека напаѓачот во Нант бил неурамнотежен, но не бил религиски мотивиран.
Претседателот Франсоа Оланд побара од премиерот да свика итен состанок на кабинетот за да се дискутира за нападите. Повика, граѓаните да не паничат и кон проблемот да се пристапи со студени глави.
При последниот напад, според очевидци, комбето удрило во купувачи, кои биле собрани во мала група.
Извор за полицијата вели дека возачот откако ги згазил луѓето се избодел себеси во пределот на градите со нож, најмалку девет пати, но ниту една рана не е доволно длабока за да му е животот загрозен.
Напаѓачот и е познат на полицијата, има 37 години, а претходно крадел, продавал крадени работи и уништувал возила.
Трите инциденти ја подгреваат атмосферата во Франција, по заканите против зејата заради нејзината инволвираност во борбата против исламистичките екстремисти во Африка и Средниот Исток.
Исламската држава, џихадистичка груа, постојано повикува на напади против Франција, преку видеа поставени на џихадистички страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


