Дуото „Некст тајм“, Стефан и Мартин Филиповски, вчера ги промовираше преработката на старата комитска песна „Ја излези Ѓурѓо“ и видеоспотот за неа.
Со ова браќата Филиповски засега го оставаат зад себе поп-рок стилот и во балкански рамки ќе се промовираат со етномузика. Продуциската куќа која од неодамна стои задинив е „Приве продукција“ од Белград, сопственост на познатата текстопистка Марина Туцаковиќ и шоуменот Бојан Јовановски-Боки 13.
Аранжманот на музиката е дело на музичарот и композитор Николче Мицевски, автор на албумот на Каролина Гочева „Македонско девојче 2“. Дел од овој проект е и кавалџијата Гоце Димовски од етногрупата „Синтезис“.
Режисер на видеоспотот е Огнен Шапковски, а улогата на Ѓурѓа ја толкува поранешната одбојкарка и фотомодел Власта Ружиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)