| четврток, 6 декември 2018 |

И „Некст тајм“ ќе пее народно (ВИДЕО)

Дуото „Некст тајм“, Стефан и Мартин Филиповски, вчера ги промовираше преработката на старата комитска песна „Ја излези Ѓурѓо“ и видеоспотот за неа.

Со ова браќата Филиповски засега го оставаат зад себе поп-рок стилот и во балкански рамки ќе се промовираат со етномузика. Продуциската куќа која од неодамна стои задинив е „Приве продукција“ од Белград, сопственост на познатата текстопистка Марина Туцаковиќ и шоуменот Бојан Јовановски-Боки 13.

Аранжманот на музиката е дело на музичарот и композитор Николче Мицевски, автор на албумот на Каролина Гочева „Македонско девојче 2“. Дел од овој проект е и кавалџијата Гоце Димовски од етногрупата „Синтезис“.

Режисер на видеоспотот е Огнен Шапковски, а улогата на Ѓурѓа ја толкува поранешната одбојкарка и фотомодел Власта Ружиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top