| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ: Ми нудеа 100 илјади долари да наместам меч

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во интервју за „Ју-Ес-Еј“ откри дека во 2006 година одбил непристојна понуда да намести меч, а за возврат да добие сто илјади долари.

– Секако дека одбив, не ни размислував да го направам тоа. Се надевам дека секој тенисер ќе го направи истото доколку се најде во таква ситуација. Се работи за чиста нерегуларност и таа го уништува тенисот. Не смееме да толерираме такви работи. Сепак, реалноста е поинаква – изјави Ѓоковиќ.

Во септември 2008 година е формирана единица за спречување на наместени натпревари во тенисот и од тогаш се казнети десет тенисери.

– За жал, во тенисот постојат доста можности. Многу луѓе имаат пристап до многу соби, згради каде што се наоѓаат играчите и тоа знаат да го искористат – додаде Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top