Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Културно информативниот центар, вечерва ќе ја отворат изложбата ДЛУМ „Мал формат“, во 20:00 часот во галерискиот простор Империјал I. На изложбата „Мал формат“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ќе се доделат значајни признанија од областа на ликовната и визуелнатауметност „Димитар Пандилов“ за сликарство, „Драгутин Аврамовски Гуте“ за графика и „Димо Тодоровски“ за скулптура. Од страна на Културно информативниот центар ќе се доделат наградите „Методија Ивановски-Менде“, „Константин Мазев-Коце“ и наградата „Вангел Коџоман“.
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност.Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.