| четврток, 6 декември 2018 |

Сончева декемвриска недела, за петок се најавува снег

sneg-topenje

Имаме студен, но барем сончев старт на оваа последна полна работна недела годинава. Денешното студено утро со минимална температура ќе го имаме и утре. Според прогнозата на Метеопро наутро и навечер во дел од котлините ќе има слабо „замаглување“, но преку ден сепак се очекува претежно сончево време. Сончево и речиси без облаци ќе биде во текот на целиот ден на повисоките места.

Во котлините од северниот регион максималната температура ќе има вредност околу 9°С, додека во јужниот крај максималната ќе има вредност околу 12°С. Топло ќе биде и на повисоките места, каде максималната температура ќе надмине 10°С.

Среда нема да донесе промени на времето во однос на вторник. Повторно „замаглување“ низ котлините навечер и наутро, а преку ден генерално сончево. Утрото ќе биде малку „поблаго“ во однос на температурата. Минималната температура низ земјава ќе има вредност генерално околу -1°С. Денот ќе биде потопол во однос на вторник за околу 2°С. Максималната вредност на температурата во југоисточниот регион ќе достигне вредност околу 15°С !

Четврток исто така ќе биде релативно топол декемвриски ден, но со понизок дневен максимум на температурата во однос на среда.
Во четврток низ земјава има мала до умерена облачност, но со подолги сончеви периоди. Петок ќе биде облачен ден. На повисоките места навечер се очекува и слаб снег.

Подетална прогноза на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top