| четврток, 6 декември 2018 |

Северина судијка и менторка во втората сеозна на „Икс-фактор“

Во втората сезона на „Икс-фактор“ меѓу досегашните земји-учеснички се приклучува и Хрватска, па од пролет музичкото шоу ќе се емитува во пет земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Во улога на жири и на ментори во првата сеозна ги гледавме Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Емина Јаховиќ и Кики Лесендриќ, но никој од нив нема повторно да се најде во црвените столици на судиите.

Како што дознава српски „Блиц“, продуцентите на шоуто преговараат во новата сезона во жирито да биде и хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ.

Шоуто ќе добие и хрватска водителка, русокосата Антонија Блаче.

Аудициите за втората сезона се наскоро, а шоуто ќе почне со прикажување напролет, кај нас на телевизија „Сител“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top