На 27 декември, во 20 часот, во кафе-барот „Дамар“ ќе се одржи годишната презентација на четвртата сезона креативни викенди кои се одржуваат во Лазарополе, чија примарна цел е вмрежување на македонските културни и уметнички сцени. Координаторите на викендот Јован Ламбески и Тони Димитров ќе го објаснат концептот на креативен викенд, а покрај презентацијата на изминатите изданија на викендот и претставување на идеите за следните работилници, публиката ќе има можност да погледне и фотографии, видеа, цртежи, слики, да чуе поезија, музика…кои произлегоа како резултат на претходните работилници.
Исто така ќе биде претставена и информација за тоа како помина презентацијата на „Креативен викенд во Лазарополе“ во Белград, Париз и во Улен.
Вечерта ќе продолжи со музика на Мартчин, Тони Димитров и на Балтроник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.