Претставници од Канцеларијата за „Креативна Европа – Култура и mедиjа“ при Министерството за култура и Агенцијата за филм на Република Македонија денеска имаат јавни дискусии и презентации на осмиот Фестивал за креативен документарен филм „Македокс“.
Раководител на канцеларија за Креативна Европа – Медиjа при Агенција за филм Владимир Стојчески, информира дека со неговата колешка Билјана Прентоска од Канцеларијата за „Креативна Европа – Култура“ имаат заеднички настан во два дена, денеска во рамки на „Македокс“ и утре за време на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
– „МакеДокс“ е поддржан од „Креативна Европа – Медија“, а Струшките вечери на поезијата се дел од платформата „Версополис“, која е поддржана од „Креативна Европа – Култура“. Сметавме дека е убав повод двата деска да направат еден заеднички настан, со тоа што за време на „МакеДокс“ фокусот ќе ни биде кон документарниот филм, рече Стојчески. Појасни дека во Струга фокусот ќе биде кон потпрограмата Култура.
Тој истакна дека за таа цел ја поканил колешката Павлина Каландрова од Чешкиот медија деск, која, како што рече, ќе даде примери на чешки документарни филмови, фестивали и проекти што се поврзани со документарен филм, а бие поддржани од Медиа. Изрази надеж дека тоа ќе биде пример за нашите оператори да видат како во друга земја се користат европските фондови.
Стојчески нагласи дека сакаат да отворат дебата за можностите за интерсекторска соработка, соработка меѓу аудиовизуелниот и културниот сектор.
Билјана Прентоска од Канцеларијата за „Креативна Европа – Култура“ информира дека сакаат да дискутираат со корисниците и претставниците од културниот и аудиовизуелниот сектор како тие ја гледаат соработката, пред се на национално и на европско ниво.
Таа најави дека утре ќе им се придружи колешка од Канцеларијата на Креативна Европа- Култура од Бугарија Весела Кондакова. Канцеларијата за Креативна Европа-Култура во вторник организира инфоден и работилница во ЕУ Инфоцентарот со колешата од Канцеларијата за Креативна Европа на Хрватска, Нера Стофер.
Павлина Каландрова од Канцеларијата на Креативна Европа-Медиа на Република Чешка истакна дека е многу заинтересирана за македонската филмска индустрија, особено за фестивалот „Македокс“.
– Чешка е доста силна во активностите за создавање документарен филм. Ќе презентирам неколку проекти поддржани од Креативна Европа-Медиа во различни области, како он лајн дистрибуција, тренинг, пристап до маркети, рече Каландрова.
Ова е прва промоција на канцеларијата и Креативна Европа во целина во рамки на фестивалите „Македокс“ и СВП. Презентациите се од отворен тип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Работилница за програмата Креативна Европа во „Јавна соба“
-
Презентации на програми за креативна Европа во Прилеп и Штип
-
„Македокс“: Главна награда „Кромид“ за најдобар филм ја доби „Далечниот лаеж на кучињата“на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт
-
Панел-дискусија со Вито Флакер, Дамијан Ненадиќ и Ана Замецка на „МакеДокс“