| четврток, 6 декември 2018 |

Годишна презентација на „Креативен викенд во Лазарополе“

На 27 декември, во 20 часот, во кафе-барот „Дамар“ ќе се одржи годишната презентација  на четвртата сезона креативни викенди кои се одржуваат во Лазарополе, чија примарна цел е вмрежување на македонските културни и уметнички сцени. Координаторите на викендот Јован Ламбески и Тони Димитров ќе го објаснат концептот на креативен викенд, а покрај презентацијата на изминатите изданија на викендот и претставување на идеите за следните работилници, публиката ќе има можност да погледне и фотографии, видеа, цртежи, слики, да чуе поезија, музика…кои произлегоа како резултат на претходните работилници.

zvuk

Исто така ќе биде претставена и информација за тоа како помина презентацијата на „Креативен викенд во Лазарополе“ во Белград, Париз и во Улен.

IMG_0388-Edit

Вечерта ќе продолжи со музика на Мартчин, Тони Димитров и на Балтроник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top