| четврток, 6 декември 2018 |

ФФМ со одлична видеопрезентација за месецот на фудбалот за Македонија

Јуни е дефинитивно месец за македонскиот фудбал. Најпрво сениорската репрезентација во квалификациите за СП 2018 во Скопје на 11. јуни ја пречекува Шпанија на националната арена, а веднаш потоа комплетното внимание се насочува кон настапот на младата репрезентација на Европското првенство во Полска.

Сето тоа повеќе од доволна причина, ФФМ со прекрасен видео материјал да ги најави националните активности овој месец. Пандев, Трајкоски, Алиоски, Николов, Барди и Аврамовски се промоторите за македонскиот фудбал пред еден од најзначајните настани во нашата фудбалска историја…

– На фудбалскиот спектакл ја покануваме публиката и навивачите да дојдат на националната арена и со овации да ги поздравиме и нашите репрезентативци до 21 година кои во понеделник заминуваат во Полска на Европското првенство. Да ја бодриме македонската репрезентација, навивајте за Македонија – повикуваат од ФФМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top