Во последниот натпревар од 16. коло во шпанската Примера дивизија, Атлетико Мадрид дојде до тешка победа на гостувањето кај Атлетик Билбао со резултат 4-1.
Најзаслужен за триумфот на синоќешниот натпревар беше Антонио Гризман кој постигна хет трик (46., 73., 81. минута). Четвртиот гол за првакот го постигна Раул Гарсија од пенал (53).
Домашните и покрај водство 0д 1:0 со голот на Микел Рико (17), немаа сили во вториот дел да му се спротивстават на шампионот.
Резултати од 16. коло од Примера: Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 1:4, Елче – Малага 1:2, Гранада – Хетафе 1:1, Вилјареал – Депортиво 3:0, Рајо Ваљекано – Еспањол 1:3, Еибар – Валенсија 0:1, Леванте – Реал Сосоиедад 1:1, Барселона – Кордоба 5:0 и Селта – Алмерија 0:1.
Athletic Bilbao 1 – 4 Atletico Madrid All Goals… by ViralDailyTV
Поради настапот на Светското клупско првенство на Реал Мадрид, дуелот со Севилја „кралскиот клуб“ ќе го одигра на 4 февруари 2015 година.
Табела: Реал Мадрид 39 бода, Барселона 38, Атлетико Мадрид 35, Валенсија 31, Вилјареал 30, Севилја 30, Малага 30,..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



