| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико Мадрид со убедлив триумф над Билбао (видео)

Во последниот натпревар од 16. коло во шпанската Примера дивизија, Атлетико Мадрид дојде до тешка победа на гостувањето кај Атлетик Билбао со резултат 4-1.

Antoine Griezmann

Најзаслужен за триумфот на синоќешниот натпревар беше Антонио Гризман кој постигна хет трик (46., 73., 81. минута). Четвртиот гол за првакот го постигна Раул Гарсија од пенал (53).

Домашните и покрај водство 0д 1:0 со голот на Микел Рико (17), немаа сили во вториот дел да му се спротивстават на шампионот.

Резултати од 16. коло од Примера: Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 1:4, Елче – Малага 1:2, Гранада – Хетафе 1:1, Вилјареал – Депортиво 3:0, Рајо Ваљекано – Еспањол 1:3, Еибар – Валенсија 0:1, Леванте – Реал Сосоиедад 1:1, Барселона – Кордоба 5:0 и Селта – Алмерија 0:1.


Athletic Bilbao 1 – 4 Atletico Madrid All Goals… by ViralDailyTV

Поради настапот на Светското клупско првенство на Реал Мадрид, дуелот со Севилја „кралскиот клуб“ ќе го одигра на 4 февруари 2015 година.

Табела: Реал Мадрид 39 бода, Барселона 38, Атлетико Мадрид 35, Валенсија 31, Вилјареал 30, Севилја 30, Малага 30,..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top