| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Предлагаме 32 нови мерки за подобрување на деловната клима

stavreski-juli2014Последниот извештај на Светска банка ја рангира Македонија на 30-то место од 189 држави во светот – на оваа тема на отворената седница на Владата, што трае во моментов, говореше министерот за финансии Зоран Ставрески. Тој посочи дека земјава е препознатлива во регионот и пошироко како  земја која во конинтуитет води внимание кон подобрување на бизнис климата. Македонија е лидер во регионот и е подобро рангирана од 16 европски земји како Франција, Полска, Шпанија, Словачка, покажа извештајот Дуинг бизнис на Светска банка.

Ставрески истакна дека ова процес треба и се надоградува секоја година.

-Ние предлагаме нови 32 мерки како генерални мерки и дополнителни подзаклучоци, односно 50 нови мерки во секој сегмент од 10-11 индикатори што ги опфаќа извештајот Дуинг бизнис предлагаме мерки за подобрување на состојбите, подвлече Ставрески.

Македонија е 3-та во светот во категоријата за започнување на бизнис, додека пак најголем скок има направено во однос на плаќањето даноци каде сега сме 7-ми, а лани сме биле на 38-то место.

Ставрески истакна дека има области каде треба да се работи и да се подобрат состојбите, како заштитата на малцинските инвестиции, добивањето на градежни дозволи и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top