најтрофејниот олимпиец на сите времиња американскиот пливач Мајкл Фелпс е осуден на условна затворска казна од една година. Тој ја признал вината поради брзо возење во алокохолизирана состојба на место каде што е дозволено 70 километри на час, а тој возел со 135. Тој покрај оваа казна заработи и една година суспензија од пливањето, но Фелпс продоли да тренира без да се натпреварува.
Веднаш бил испратен на рехабилитација која траела 45 дена, а по ова тој изјави дека таму научил некои работи што до сега не ги знаел за себе.
Ова не е првпат најтрофејниот спортист на светот да има проблем со законот. Пред неколку години тој беше фотографиран како конзумира марихуана.
Фелпс има дури 22 медали од олимпијадите од кои 18 златни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп
-
Мајка уапсена откако го истетовира 10-годишниот син (ВИДЕО)
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор