| четврток, 6 декември 2018 |

Пангалос: Нека покаже некој храброст, нека стави одредница на името

– Мислам дека веќе е затворена дискусијата за името, која воопшто и не требаше да почне. Да си го олесниме животот, да најдеме одредница. Нека покаже храброст премиерот Груевски или кој било друг политички лидер кај вас, нека стави одредница, и прашањето да заврши  – вели Теодорос Пангалос, поранешниот министер за надворешни работи на Грција во интервју за „Утрински весник“.

Тој вели – кој сака, нека биде Александар Велики.

-Овде повремено има некои смешни луѓе во образованието или во културните кругови кои се облекуваат како антички Грци, други кои се уште веруваат во старите богови и им принесуваат жртви. Јас имам пријател од Кина кој се вика Леонидас. Кога некој од Шангај може да се вика Леонидас, може и некој во Скопје да става имиња Александар, Филипос. Мислам дека тоа не е прашање кое треба да не интересира. Верувам дека јазикот и националниот идентитет се прашање на самоопределување и дека секој е тоа што е и мисли дека е. Нема може некој да му каже на другиот дали е или не е – вели поранешниот шеф на грчката дипломатија во интервјуто кое ќе биде објавено за два дена.  Тој порачува да се реши проблемот кој го создава името и да се стави крај на приказната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top