| четврток, 6 декември 2018 |

Театарот за деца и младинци има нова хит-претстава „Пат околу светот“

pat okolu svetot

Театарот за деца и младинци има нова хит-претстава, која ќе ја полни скромната сала на театарот во центарот на Скопје. „Пат околу светот“, чијшто режисер е Бојан Трифуновски, синоќа ја имаше премиерата и претставата нè однесе на едно ново, посебно место, каде што пак ја откривме љубовта, пријателството, убавите манири на однесување, смеењето.

Скопје е среќен град што го има овој театар каде што сите актери, од прв до последен, буквално, уживаат во својата професија, целосно се посветени на тоа што го работат, а тоа го препознава и публиката.

Трифуновски вторпат гостува во Театарот за деца и младинци. Во „Пипи долгиот чорап“ ја направи драматизацијата, а сега во „Пат околу светот“ е режисерот на претставата, a ја направи и драматизацијата на романот „Пат околу светот за 80 дена“ од Жил Верн.

Во претставата учестуваат 13 од вкупно 16 вработени актери, што е најголем број досега во поделбата на улоги во театарот. Претставата од седумдесетина минути е наменета за деца повозрасни од 10 години, пред сѐ за ученици во седмо одделение, кои оваа книга ја имаат за лектира. Но, како што е вообичаено за овој театар, сите од 7 до 77 години уживаат во нивните претстави.

Треба да се истакне актерската игра на младиот актер Бојан Кирковски во улогата на Паспарту, придружникот на Филијас Фог, кој го толкува Владимир Лазовски, кој е стандардно одличен, а Тања Павловска-Кочовска беше брилјантна во улогата на принзезата Жозефина, а посебно како Ѓоамити Џејн.

pat okolu svetot1

Во претставата играат и Ненад Митевски, Катерина Илиевска – Силјановска, Изабела Новотни, Предраг Павловски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Емра Куртишова, Винета Дамчевска, Ана Левајковиќ Бошков и Мартин Јордановски. Сценографијата е на Срѓан Митровиќ и на Кирил Василев, костимографијата на Искра Џокиќ, а музиката на Џијан Емин.

„Пат околу светот“ е биде четврта премиера на Театарот за деца и младинци во 2014 гидина и четврта лектирна претстава што Театарот ја поставува на својата сцена, по „Грдото пајче“, „Пипи Долгиот Чорап“ и „Оливер Твист“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top