Јелена Ноура Хадид или позната како Гиги Хадид, објави фотографија на „Инстаграм“, на која ги носи моделите „Пинк“, од колекцијата на „Викторија сикрет“ и со тоа ги поттикна гласините дека е нов ангел на оваа модна куќа.
Гиги се појавувала на страниците на „ЕЛ”, „Грациа”, „Вог”. Била заштитно лице на „Гес” и учесник на модни недели ширум светот. Нејзината мајка е позната поранешна манекенка, Јоланда Фостер. Таа е во брак со палестински бизнисмен Мохамед Хадид и со него ја има ќерката Јелена. По крахот на првиот брак, се мажи за Дејвид Фостер, музички продуцент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.