| четврток, 6 декември 2018 |

Челси пресилен за Дерби, Саутемптон испадна

­

Во вторникот беа одиграни првите четвртфинални дуели од Лига Купо на Англија,Челзи успеа да се пласира во полуфиналето на Лига купот, откако го победи Дерби со 3:1 на гостински терен.

Головите за Челзи ги постигнаа Еден Азар (26.минута), Фелипе Луис (56) и Андре Шурле (82), додека голот за Дерби го постигна Крег Брисон (71).

Полуфиналист во ова натпреварување е и тимот на Шефилд Јунајтед откако со 1:0 на домашен терен го победи Саутемптон со голот на Марк Мек Нулти во 63.минута.

Ова за Шефилд Јунајтед е прво полуфинале по сезоната 2002/03 во Лига купот. Вечерва се играат вторите два четвртфинални дуела: Бурнемонт – Ливерпул и Тотенхем – Њукасл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top