Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Стража-Кичево е намалена до 30 метри, Крушево до 50 метри и Гостивар-Кичево до 100 метри видливост, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.