| четврток, 6 декември 2018 |

Интер подобар од Киево, прва победа под водство на Манчини (видео)

Роберто Манчини се израдува на првата победа откако повторно го презема Интер, синоќа „нероазурите“ со резултат 2-0 го совладаа Киево во 15. коло од Серија А.

Стрелци на головите за гостите беа Матео Ковачиќ во 19.минута и Андреа Ранокиа во 55.минута. За Интер ова беше петта сезонска победа, а со исто толку нерешени и загубени натпревари се наоѓа во средината на табелата.

Киево го забележа осмиот пораз и со 13 бодови остана во долниот дел на табелата на едно место погоре од екипите кои се наоѓаат во опасната зона на испаѓање.

На другиот вчерашен дуел Емполи и Торино одиграа нерешено 0:0.

Претходно во ова коло постигнати се следниве резултати: Палермо – Сасуоло 2:1, Лацио – Аталанта 3:0, Јуветус – Сампдорија 1:1, Џенова – Рома 0:1, Парма – Каљари 0:0, Удинезе – Верона 1:2, Милан – Наполи 2:0 и Чезена – Фиорентина 1:4.

Табела: Јувентус 36 бодови, Рома 35, Сампдорија 26, Лацио 26, Џенова 26, Милан 24, Наполи 24,..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top