Роберто Манчини се израдува на првата победа откако повторно го презема Интер, синоќа „нероазурите“ со резултат 2-0 го совладаа Киево во 15. коло од Серија А.
Стрелци на головите за гостите беа Матео Ковачиќ во 19.минута и Андреа Ранокиа во 55.минута. За Интер ова беше петта сезонска победа, а со исто толку нерешени и загубени натпревари се наоѓа во средината на табелата.
Киево го забележа осмиот пораз и со 13 бодови остана во долниот дел на табелата на едно место погоре од екипите кои се наоѓаат во опасната зона на испаѓање.
На другиот вчерашен дуел Емполи и Торино одиграа нерешено 0:0.
Претходно во ова коло постигнати се следниве резултати: Палермо – Сасуоло 2:1, Лацио – Аталанта 3:0, Јуветус – Сампдорија 1:1, Џенова – Рома 0:1, Парма – Каљари 0:0, Удинезе – Верона 1:2, Милан – Наполи 2:0 и Чезена – Фиорентина 1:4.
Табела: Јувентус 36 бодови, Рома 35, Сампдорија 26, Лацио 26, Џенова 26, Милан 24, Наполи 24,..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)