Календарски, зимата уште трае, а во Франција беснее снежно невреме кое изминатата ноќ блокираше стотици луѓе во нивните автомобили низ патиштата во северниот дел на земјата. Околу 800 лица останаа по патиштата, а меѓу 200 и 300 се блокирани во должина на националниот автопат меѓу Сен Жозеф и Шербур. Многу возачи ги оставиле своите автомобили и побарале засолниште.
Полицијата и пожарникарите им помагаат на луѓето што се останати на патиштата во повратената зима, додаде ДПА.
Повеќе од 68.000 домаќинства во Бретања и во Долна Нормандија, во западна Франција, останаа без струја по обилниот снег што вчера паѓаше цел ден, пренесоа француските медиуми.
Во 26 департмани во северна и во западна Франција е прогласено портокалово ниво на опасност поради снегот, кој оваа сезона беше забележан и со количествата и со времетраењето на врнежите, кои се очекува да запрат в среда наутро, соопшти метеоролошката служба.
Илјадници автомобили останаа блокирани во југоисточниот дел на Англија поради обилниот снег. Голем број возачи останаа во возилата повеќе од осум часа. Колонота од возила беше со должина од преку 50 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.