| четврток, 6 декември 2018 |

На роденденот на нејзиниот син – Кортни Кардашијан се породи по третпат

Најстарата од сестрите Кардашијан синоќа на свет го донесе своето трето дете. Кортни, доби уште еден син токму на петтиот роденден на нејзиното прво дете, синот Мејсон.

Триесет и петгодишната Кортни и нејзиниот невенчан сопруг Скот Дисик, познати по реалното шоу за животот на семејството Кардашијан, сѐ уште не се одлучиле за името на своето трето дете. Покрај Мејсон, тие ја имаат и двегодишната Пенелопе.

rexfeatures_4101688a

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top