| четврток, 6 декември 2018 |

Белгискиот град Монс е европска престолнина на културата

maxresdefault

Монс е белгиско гратче во валонскиот регион и во оваа планинска општина во покраината Ено живеат околу 100.000 жители. Овој град во 2015 година ќе биде во центарот на вниманието, со оглед на тоа што е избран за европска престолнина на културата.

Кога ќе пристигнете на железничката станица, од една страна може да се видат многу кранови и згради кои набрзина никнуваат, а од другата странаа статуата на кралот Леополд, врвот на големата црква Санта-Вудур и прекрасно изработената камбанарија.

Доколку се движите по ридот кон градскиот центар ќе поминете покрај елегантни куќи, старомодни продавници и многу згради кои се реновираат за да бидат во полн сјај за дочекот на Новата година. Се обновуваат и половина од улиците со калдрма.

Најновиот луксузен хотел „Дрим“ е најдобар претставник на новиот Монс. Ноќевање во хотелот чини околу 125 евра, во зависност од услугите, а ручек од 40 до 50 евра.

Дека подготовките на градот се во полн ек докажува и некогашниот манастир кој е покриен со црвена и црна кожа, а надополнет е со спа-центар, коктел-бар и со ресторан.

Монс се одликува со голем број универзитети и технолошки фирми. Големиот плоштад е голема поплочена површина, каде што има кафулиња со нешто поевтини цени во кои често се собираат студенти, особено во петок навечер. Главна атракција на плоштадот е малиот месинган мајмун, ѕиден украс, кој посетителите го допираат со радост.

Главното случување во градот е годишната Дуду поворка, специфична верзија на Ѓукас карневалот во кој Свети Ѓорѓи го убива змејот, познат како Дуду. Сето тоа се случува со „луди“ звуци на тапаните и дувачките инструметни, па манифестацијата помалку потсетува на Рио де Жанеиро. Сепак, жителите тврдат дека станува збор за „чистокрвна“ белгиска традиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top