| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ си наjде нов Кољо Диjамант

Го­во­реј­ќи пре­ку сво­јот спе­ци­ја­лен со­вет­ник Бра­нис­лав Си­на­ди­нов­ски, кој бе­ше цен­трал­на фи­гу­ра на прос­ла­ва­та на де­нот на ал­бан­ско­то зна­ме, ли­де­рот на ДУИ Али Ахмети вле­зе во но­ва аван­ту­ра слич­на на таа со не­среќ­ни­от ре­се­нец Ко­љо Ди­ја­ман­тот, на­вод­но, вли­ја­те­лен грч­ки но­ви­нар, за ко­го се по­ка­жа де­ка, всуш­ност, е чо­век со на­ру­ше­но пси­хич­ко здрав­је, по­доц­на осу­ден за пе­до­фи­ли­ја

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Са­мо де­се­ти­на де­на отка­ко си­но­дот на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква – Охрид­ска ар­хи­е­пи­ско­пи­ја до­не­се од­лу­ка во сво­и­те хра­мо­ви да во­ве­де бо­гос­луж­ба на ал­бан­ски ја­зик, уште ед­наш се по­ка­жа де­ка на Бал­ка­нот чо­веч­ки и по­зи­тив­ни од­лу­ки на ко­ја би­ло ин­сти­ту­ци­ја не но­сат се­ко­гаш раз­би­ра­ње и при­ја­телс­тво, ту­ку и кон­тра­на­па­ди и по­ка­жу­ва­ње му­ску­ли. Уште ли­де­рот на ДУИ Али Ах­ме­ти не бе­ше ја поз­дра­вил од­лу­ка­та на пог­ла­ва­рот на МПЦ – ОА г.г. Сте­фан за по­че­ток на ли­тур­гии на ал­бан­ски ја­зик, ко­га Бра­нис­лав Си­на­ди­нов­ски во сти­лот од 2001 го­ди­на да­де на­лог што тре­ба да би­де но­ви­от че­кор во ма­ке­дон­ско­то пра­вос­ла­вие. Сло­же­на­та од­лу­ка, ко­ја по­ра­ди мож­но­ста да се ири­ти­ра­ат вер­ни­ци­те од до­ми­нант­на­та ет­нич­ка гру­па ре­тко ја пра­ват дру­ги­те пра­вос­лав­ни цр­кви во ре­ги­о­нот и по­ши­ро­ко, не е до­вол­на за ДУИ да би­де бла­го­дар­на и во тој дух да ко­му­ни­ци­ра со МПЦ – ОА ка­ко единс­тве­на што има ју­рис­дик­ци­ја врз пра­вос­лав­ни­те про­це­си во зем­ја­ва. Спо­ред спе­ци­јал­ни­от со­вет­ник на Ах­ме­ти, кој не бе­ше де­ман­ти­ран од ни­ко­го, не е пра­ша­ње да­ли но­ва­та цр­ква ќе би­де фор­ми­ра­на ту­ку е са­мо пра­ша­ње на вре­ме ко­га таа ќе ги со­бе­ре евен­ту­ал­ни­те 70-75 ил­ја­ди Ал­бан­ци, пра­вос­лав­ни вер­ни­ци во Ма­ке­до­ни­ја.

Иа­ко по­ра­ди вер­ски­те пре­дра­су­ди и тен­зи­и­те ме­ѓу хри­сти­ја­ни­те и мус­ли­ма­ни­те и ло­кал­но и гло­бал­но го­лем дел од ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни со пра­вос­лав­на ис­по­вед ќе би­дат среќ­ни не 70.000 ту­ку си­те 500.000 Ал­бан­ци да одат во пра­вос­лав­на цр­ква, се­пак че­ко­рот на Ах­ме­ти сил­но го ири­ти­ра про­сеч­ни­от наб­љу­ду­вач. При­чи­ни­те се по­ве­ќе: Ва­ков ја­вен на­лог до ед­на вер­ска ин­сти­ту­ци­ја, во слу­ча­јов МПЦ – ОА, до­се­га не дал ни­ту еден ма­ке­дон­ски по­ли­ти­чар, освен, мо­же­би, Ко­ли­шев­ски и Цр­вен­ков­ски, и тоа во вре­ме­то ко­га оде­ње­то во цр­ква би­ло ана­те­ми­са­но од то­гаш­ни­те ко­му­ни­стич­ки вла­сти. Ва­ков од­нос до­се­га Ах­ме­ти не­мал, ба­рем не јав­но ни­ту кон ли­де­рот на Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца, Су­леј­ман Ре­џе­пи, иа­ко тој во не­кол­ку на­вра­ти из­ле­гу­ва­ше со из­ја­ви, кои, освен што не беа урам­но­те­же­ни ка­ко вер­ски по­ра­ки, пре­диз­ви­каа сил­ни тен­зии ме­ѓу при­пад­ни­ци­те на ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца, кои ги во­ди ли­де­рот на ДУИ, и дру­ги­те вер­ни­ци.

 

Kolumna119-2

Кој е Бра­нис­лав Си­на­ди­нов­ски, но­ви­от гу­ру на Ах­ме­ти

За се­бе по­ра­но твр­де­ше де­ка е ос­но­вач на ВМРО–ДПМНЕ, во 1994 го­ди­на му се спро­тив­ста­ви на Ки­ро Гли­го­ров во би­тка­та за пре­тсе­да­тел од по­зи­ции на ма­ке­дон­ски на­ци­о­на­ли­зам, има из­да­де­но 26 кни­ги, ме­ѓу кои „ВМРО ДПМНЕ од ви­зии до ствар­ност“ (ед­на од нив за жи­во­тот и за де­ло­то на Ја­сер Ара­фат има до­би­е­но и авто­рот на овој текст), екс­дип­ло­мат на Ју­гос­ла­ви­ја и чо­век што на­пи­шал по­себ­на кни­га за да го изед­на­чи Бо­рис Змеј­ков­ски со ле­ген­дар­ни­от ос­но­вач на исто­ри­ска­та ВМРО Дам­јан Гру­ев. Ал­ба­не­цот Си­на­ди­нов­ски на­пи­шал кни­га и за То­дор Але­ксан­дров, кој во неа е опи­шан ка­ко ре­во­лу­ци­о­нер, мис­ли­тел, ви­зи­о­нер и др­жав­ник.

Во не­го­ва­та би­о­гра­фи­ја, ка­ко што стои во ин­фор­ма­ци­ја од гра­ѓа­нин на веб-стра­ни­ца­та на вла­ди­ни­от сер­вис пре­ку кој гра­ѓа­ни­те мо­жат да се ин­фор­ми­ра­ат за раз­лич­ни пра­ша­ња „Ус­лу­ги“ (uslugi.gov.mk), мо­же да се до­да­дат и по­ве­ќе од 145 туж­би што ги под­нел пред скоп­ски­от суд за свои бли­ски род­ни­ни, су­дии и ве­шти ли­ца за имот­но-пра­вен спор.

 

Ах­ме­ти ри­зи­ку­ва и со сво­и­те

Ка­ко се слу­чи­ло ед­на се­ри­оз­на пар­ти­ја ка­ко ДУИ да под­лег­не на вли­ја­ни­е­то на Си­на­ди­нов­ски, кој цел жи­вот, спо­ред не­го­ви­те збо­ро­ви, се бо­рел за иде­ја­та на ВМРО, знае неј­зи­ни­от автор и, ве­ро­јат­но, пар­ти­ски­от врв во Ма­ла Ре­чи­ца. Тоа што Ах­ме­ти, се­пак, си­гур­но не го на­се­тил е де­ка по­ра­ди Си­на­ди­нов­ски и не­го­ва­та иде­ја за но­ва цр­ква тој ќе би­де под сил­на кри­ти­ка на ра­ди­кал­ни­те кру­го­ви ме­ѓу ма­ке­дон­ски­те мус­ли­ма­ни. Спо­ред нив, со фор­ми­ра­ње пра­вос­лав­на цр­ква на Ал­бан­ци­те во зем­ја­ва ќе се зго­ле­ми ја­зот ме­ѓу Ал­бан­ци­те од раз­лич­ни ре­ли­гии и ќе се овоз­мо­жи по­ле­сен пре­мин од ис­лам во хри­сти­јанс­тво , про­цес што е при­су­тен во Ма­ке­до­ни­ја, кол­ку што е при­су­тен и во обрат­на на­со­ка, од хри­сти­јанс­тво во ис­лам.

 

Kolumna119-3

 

За број­ки­те се ра­бо­ти

Си­на­ди­нов­ски на прос­ла­ва­та на ал­бан­ско­то зна­ме, на ко­ја при­сус­тву­ваа си­те важ­ни чле­но­ви на ДУИ, из­не­се број­ка од 70 до 75 ил­ја­ди пра­вос­лав­ни Ал­бан­ци, кои би оде­ле во но­ви­от вер­ски суб­јект ако би­де фор­ми­ран. Спе­ци­јал­ни­от со­вет­ник на Ах­ме­ти не ка­жа од ка­де е оваа број­ка, освен смеш­ни­те ци­та­ти на тур­ски до­ку­мен­ти од пред пет ве­ка, ни­ту, пак, пре­ци­зи­ра­ше кои се лу­ѓе­то на кои, спо­ред не­го, им се скра­те­ни вер­ски­те пра­ва и кои, на­вод­но, би­ле аси­ми­ли­ра­ни од си­те вла­сти во пос­лед­ни­ве 70 го­ди­ни, вклу­чи­тел­но и од Ма­ке­дон­ци­те. Си­на­ди­нов­ски не ка­жа, но, нај­ве­ро­јат­но, се ра­бо­ти за дел од на­се­ле­ни­е­то што жи­вее на гра­ни­ца­та со Ал­ба­ни­ја во ре­ги­о­нот од Го­сти­вар­ско до Ма­вро­во, кое е поз­на­то ка­ко Шкре­ти, или, ка­ко што не­кои ги на­ре­ку­ва­ат, Ма­ке­дон­ци што го­во­рат мај­чин ал­бан­ски ја­зик. Со слич­но ба­ра­ње ка­ко на Си­на­ди­нов­ски во 2011 го­ди­на се ја­ви и го­сти­ва­ре­цот Бран­ко Ма­но­ло­ски, кој твр­де­ше де­ка од 1913 го­ди­на поч­на­ла аси­ми­ла­ци­ја­та на пра­вос­лав­ни­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја. Се­ка­ко де­ка осо­бе­но во Ма­вров­ско по­сто­јат се­ла ка­де што жи­ве­ат пра­вос­лав­ни лу­ѓе што за се­бе сме­та­ат де­ка се Ал­бан­ци и има­ат пра­во на тоа, но број­ка­та што ја да­ва­ат ДУИ и Си­на­ди­нов­ски по­ве­ќе ли­чи на евтин про­па­ган­ден трик откол­ку на се­ри­оз­на ана­ли­за или ста­ти­сти­ка.

 

Имот и кон­тро­ла

По­крај оби­дот да се зго­ле­ми бро­јот на Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја и да се на­пра­ви за­бу­на за тоа кол­ку, всуш­ност, Ма­ке­дон­ци жи­ве­ат во ма­тич­на­та зем­ја, не тре­ба да се иск­лу­чи уште ед­на зат­скри­е­на цел, ко­ја, ка­ко и во слу­ча­јот со гру­па­та на Вра­ни­шков­ски, би мо­же­ла да се по­ја­ви по­втор­но. Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква не крие де­ка за свој имот ги сме­та си­те пра­вос­лав­ни хра­мо­ви на­пра­ве­ни уште од Ду­ша­но­во вре­ме. Име­но, во го­лем број ма­ке­дон­ски се­ла или се­ла во кои ве­ќе не жи­ве­ат пра­вос­лав­ни хри­сти­ја­ни, осо­бе­но во за­пад­ни­от дел од зем­ја­та, по­крај цр­ков­ни­те об­је­кти по­сто­јат и бо­га­ти цр­ков­ни имо­ти, кои се при­лич­но вред­ни. Се пра­ви ли се­га обид тие имо­ти да би­дат при­сво­е­ни од но­ва­та ал­бан­ска пра­вос­лав­на стру­кту­ра, не мо­жат да ка­жат со си­гур­ност ни­ту нај­у­па­те­ни­те во сло­же­ни­те цр­ков­ни од­но­си во Ма­ке­до­ни­ја. Се­пак, не мо­же да се иск­лу­чи це­лос­но опас­но­ста МПЦ – ОА да се со­о­чи со имот­ни ба­ра­ња и со зло­у­по­тре­би од но­ви цр­ков­ни од­бо­ри што ќе би­дат ди­ри­ги­ра­ни од ДУИ.

 

(Текст објавен во 118. број на неделникот Република, 5.12.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top