| четврток, 6 декември 2018 |

Амал Аламудин не е бремена

hitportal-kluni-Copy

Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Аламудин Клуни ги негираа информациите дека очекуваат бебе.

Социјалните медиуми беа преплавени со информации дека Амaл е бремена откако таа се појави со широк фустан на настан заедно со Клуни. Американските веб-сајтови за шоу бизнис објавија фотографии од вечерта, со што најавија дека Амал веќе е бремена со првото дете на холивудскиот плејбој.

Но, портпаролот на двојката ја негираше веста за бебе пред „Меил онлајн“.

– Амал Клуни не е бремена – изјави портпаролот Стен Розенфилд.

Палтото на Амал правело стомакот да ѝ изгледа поголем, а позата на нејзините рацете дополнително ги подгреала шпекулациите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top