Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Аламудин Клуни ги негираа информациите дека очекуваат бебе.
Социјалните медиуми беа преплавени со информации дека Амaл е бремена откако таа се појави со широк фустан на настан заедно со Клуни. Американските веб-сајтови за шоу бизнис објавија фотографии од вечерта, со што најавија дека Амал веќе е бремена со првото дете на холивудскиот плејбој.
Но, портпаролот на двојката ја негираше веста за бебе пред „Меил онлајн“.
– Амал Клуни не е бремена – изјави портпаролот Стен Розенфилд.
Палтото на Амал правело стомакот да ѝ изгледа поголем, а позата на нејзините рацете дополнително ги подгреала шпекулациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Демант: „Авалон продукција“ одлучува со која фирма ќе работи и склучува договори
-
ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование
-
Како Џорџ ја засака Амал – приказната за нив е како модерна бајка!