| четврток, 6 декември 2018 |

Последната колекција на Оскар де ла Рента

24

Два месеца по смртта на модниот дизајнер Оскар де ла Рента, откриена е неговата есенска колекција за 2015 година. Тоа воедно е и неговата последна колекција. Во неа се чувстува вистинскиот дух на Де ла Рента.

Силни бои во нијанси на портокалово, зелено и на сино се совршен пар за елегантната црна боја, како и за неутралните. Дневната облека е класична и елегантна, а фустаните се во должина на колено или малку над колената. Вечерните тоалети создаваат драматичен впечаток – прекрасни  кроеви кои го нагласуваат струкот, а со тоа и женственоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top