| четврток, 6 декември 2018 |

„Кон почетоците на Европската Унија-италијанска архитектура и уметност за палатата Фарнезина“ во Чифте амам

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (11 декември.) во 19 часот во Националната галерија на Македонија (објект Чифте амам) ќе се обрати на отворањето на изложбата „Кон почетоците на Европската Унија – италијанска архитектура и уметност за палатата Фарнезина“.

Изложбата, на која се претставени дела од најпознатите сликари на италијанскиот модернизам и архитектонски скици од палатата Фарнезина, е дел од богатата културна програма со која беше одбележано претседателството на Република Италија со Европската Унија.

Настанот е поддржан од Министерството за култура во соработка со Амбасадата на Република Италија во Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top