| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца повредени во сообраќајки во Скопје во едно деноноќие

Soobrakjajka vlada 01 (Custom)

Фото: Архива на Република

Шест сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје, на кои од страна на сообраќајната полиција е извршен увид. Од нив, кај три е предизвикана материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца пешаци.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците и осум пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „Пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција се отстранети 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top