Претседателот на Хашкиот трибунал Теодор Мерон пред Советот за безбедност на ОН изјави дека пресудата на воениот лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, ќе биде донесена во март 2017 година или подоцна, објави „Блиц“.
Претставувајќи го редовниот шестмесечен извештај пред СБ на ОН Мерон истакна дека Трибуналот нема да може да ја заврши работата до крајот на оваа година, како што беше предвидено во претходните одлуки на СБ.
Тој истакна дека Трибуналот ќе може да го заврши мандатот до крајот на 2017 година. Како причини за продолжување на работата на судот, Мерон го посочи доцното апсење на некои од обвинетите, отстранување судии, лошата здравствена состојба на некои од обвинетите и сложеноста на случаите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


