Малото место Коуртленд во американската сојузна држава Мисисипи е потресено од случајот во кој животот го загуби 19-годишната Џесика Чамберс.
– На девојката некој во устата ѝ налеал запалива течност и ја онесвестил. Девојката потоа ја запалиле жива – изјавиле од локалната полиција.
Кога полицајците стигнале на местото на злосторството, девојката лежела на патот и единствен дел што не ѝ горел биле стапалата. Тогаш во агонија изговорила неколку зборови за кои полицајците веруваат дека е името на сторителот на ова кривично дело.
Девојката со хеликоптер итно е пренесена в болница, но ѝ немало спас. 98 проценти од телото ѝ било изгорено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.