Две лица се уапсени, а по трето е издадена потерница поради основано соменение дека во Србија внеле и складирале жива со намера да ја препродаваат, соопшти срспакта полиција. Во претресот на просториите во кои престојувале осомничените полицијата пронашла 25 кг жива, која е одземена и безбедно трнспортирана во Институтот за нуклеарна наука во Винча.
Освен нив, уапсен е и сообраќаен полицаец од Велико Градиште, кој ја злоупотребил службената положба и им бил логистика на осомничените.
Живата, која спаѓа во опасни матери, преку косово била испраќана на крајните купувачи, за кои се покажало дека се терористи.
Полицијата добила информации дека во подрачјето на Браничевскиот округ се одвива нелегална трговија со жива од која се прави експлозив. Истрагата траела со месеци и резултирала со вчерашната акција.
Мештаните во ова мирно место покрај Дунав се вознемириле кога виделе присуство на толкави специјални полициски сили.
-Специјалците упаѓаа во секоај куќа. Беше страшно. Најдоа преку 20 кг жива, тоа е доволно за хемиско оружје. Освен тоа, најдоа и нелегално оружје, муниција, алат за обивање.
Патот на шверцот водел од Централна Србија преку Косово, каде што имало посредници, а потоа била испраќана од Косово до Блискиот Исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации