| четврток, 6 декември 2018 |

Наде е жива и здрава: Пронајдено е двегодишното девојче

Двегодишната Наде, која беше пријавена за исчезната синоќа, е пронајдена. Таа е жива и здрава, објави порталот „Телеграф“.

Девојчето било пронајдено меѓу селата Извор и Кленоец. Го нашле полициски службеници.

Наде била исчезната повеќе од 24 часа. Според информации од МВР, таа вчера со својот вујко и со сестра си одела пеш од Кленоец кон Извор. Во еден момент Наде му се пожалила на вујко си дека не може веќе да оди и тој ја оставил и го продолжил патот. Кога се вратил по неа, Наде ја немало.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top