Разузнавачките служби од Кенија тврдат дека Саманда Летвајт, белата вдовица, е жива и живее со својот сопруг Џемал Селим, познат џихадист, кој е во бегство откако во 2011 година убил двајца кениски полицајци.
Неодамна се појавила во јавноста фотографија од озлогласената двојка, пишува „Дејли меил“.
Полициските извори во Кенија соопштиле дека според новите сознанија Саманда престојува во Сомалија, под заштита на Ал Шабаб, милитантна исламиска војска.
Иако светските медиуми пренеле дека Летвајт страдала во Украина, неколку разнувачки извори ги отфрлиле тие тврдења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.