| четврток, 6 декември 2018 |

Горанчо Ѓорѓиевски и Зоран Попоски на „Експоарт. 40“ во Приштина

На покана на „Експоарт. 40“ (Expoart. 40), Горанчо Ѓорѓиевски и Зоран Попоски, ќе го изложат делото Curatoriral Workshop (Portrait of the Artist as a Cultural Worker) – принт и видео. Изложбата е во организација на Expoart.40 и кураторство на професорите на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, Мајлинда Келменди и Зени Балажи. Изложбата од проектот NET/RRJE 2014 со наслов „Save As“, ќе се отвори денеска (среда), во 19 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Приштина.

На изложбата учествуваат и следните уметници: Адем Русиновци, Фатима Бианчи, Горанчо Ѓорѓиевски feat. Зоран Попоски, Марко Марковиќ, Клодиан Деда, Енкелејда Шатри, Фатон Мазреку, Брикена Шабани, Лулзим Рамуши и Маида Сусури.

Curatorial Workshop ги разгледува сложените промени во “природата” на уметничкото дело, односно ја следи ситуацијата во која кураторот превзема одредени компетенции на уметникот и го реализира својот проект врз основа на трагите на материјалната практика на уметникот. Проектот Portrait of the Artist as a Cultural Worker ги разгледува можностите во кои уметноста бара јавен простор. Без постоење на јавната сфера не би имало уметност како јавен дискурс. Јавниот простор е клучот за самата можност за постоење на слободата на говорот, бидејќи само поединецот како дел од општеството може да ја практикува слободата на говорот во јавниот простор преку уметничката практика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top