| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Снежана Илиева вечерва во Музеј на град Скопје

Снежана илиева

Изложба на акварели од Снежана Илиева вечерва, во 19 часот, ќе биде отворена во галеријата „Љубомир Белогаски“ при Музеј на град Скопје. Таа ќе се претстави со 25 дела, низ кои соопштува ликовна приказна, исткаена со сегменти од опкружувањето и животот воопшто. Тоа се дела со различна мотивска определба – мртва природа, цвеќиња, пејзажи, стара градска архитектура и градби од нашите познати цркви и манастири, сведени на елементарни претстави.

Ова е десетта самостојна изложба на Илиева, а учествувала на повеќе од 30 групни претставувања. Учествувала на повеќе ликовни колонии во земјава и во странство. Дипломирала на Педагошката академија во 1968 година.

Изложбата е насловена „Акварели во чест на Љубомир Белогаски“, со што Музејот на град Скопје одбележува 19 години од смртта на Белогаски (1911-1994), академски сликар и педагог, врвен мајстор на акварелот, кој пред својата смрт го донираше своето творештво на градскиот музеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top