| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Благојче Наумовски-Бане во Галеријата „Остен“

Отворањето на изложбатa „IN – OUT – ILLUMINATION“ на Благојче Наумовски – Бане ќе се одржи на ден вечерва (среда) во 20:20 часот во Галерија ОСТЕН.

За својата изложба Наумоски ќе рече:

„Универзумот е само енергија, кондензирана во бавна вибрација, сите ние сме една свест која субјективно ја доживуваме…. Она што ние го носиме во себе, онаа што во решението ја нарекувам „трансцедентална енергија“ на самото наше битие и она што постојано се восприема од надвор, онаа енергија што јас ја нарекувам протомордијална (таа може да биде и секоја друга енергија околу нас), е трансцеденталност на нашето битие изразена низ нејзината енергија носејќи ја во себе и емитирајќи ја надвор од себе, при тоа воведувајќи една симбиоза со протомордиалноста на стварноста, односно со нејзината енергија. Императив ми беше сето тоа да го изразам низ проблемот на Позитив – Негатив ситуација, ситуација „IN – OUT“ во дадениов случај, ситуација на спој на различни контрастни медиуми кои преку нивната структура наспроти главниот медиум исто така имаат позитив – негатив ситуации. Која е варијацијата помеѓу трансцеденталната и протомордијалната енергија? Таа може да биде еднинствено како начин на суштествување (начин да се биде, начин на постоење), така што би била бесконечна “ – вели авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top