| четврток, 6 декември 2018 |

Групна изложба „Бели мугри“ во Струга

Кочо Рацин

Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга и Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје организираат групна изложба под наслов „Бели мугри“, која е инспирирана од животот и делото на македонскиот поет Коста Солев Рацин.

Ќе бидат изложени дела на уметниците Александар Јанкулоски, Стефан Хаџи Николов, Жанета Спироска-Радеска, Влахо Бранѓолица, Росица Лазеска, Мирчо Матевски-Рисимкин, Верина Николова, Емил Шулајковски, Живка Коцева караџовска, Бојана Грујовска, Илина Зафировска, Христина Зафировска, Тони Шулајковски, Радосав марковиќ и Евгениј Пантев.

Изложбата ќе биде поставена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top