Ангела Меркел е реизбрана за лидерка на Христијанско-демократската унија. За канцеларката гласале 96,72 проценти од делегатите на конгресот на владејачката политичка формација. Денешниот мандат на лидерката е осми по ред за Меркел.
Во 2012 година таа беше избрана на лидерското место со 97,94 проценти од гласовите, што беше најдобриот нејзин резултат.
Меркел беше единствениот кандидат за лидерското место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.