Ѓуриште на планината Градиштанска кај Свети Николе побели. Таму во моментов температурата е минус 3 степени и интензивно паѓа снег. Местото, кое е на надморска височина од околу 860 метри, се наоѓа на 13 километри од градот.
Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, кај Страцин, Попова Шапка и Павлешенци. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Крушево, информира „Македонија пат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.