| четврток, 6 декември 2018 |

„Евровизија“ ги менува правилата – доста ѝ е од комшиско гласање

Од оваа година гласањето на „Евровизија“ ќе се врши според нови правила. Секоја песна ќе добие поени од публиката и од жири-комисија, кои ќе имаат подеднаква тежина. Така, организаторите на „Евровизија“ сакаат што е можно повеќе да го намалат влијанието на таканареченото соседско гласање, а пејачите ќе треба малку повеќе да се потрудат за, освен на публиката, да ѝ се допаднат и на жири-комисијата.

Досегашната практика, во која само десет песни беа рангирани со поени од 1 до 12 (без 9 и 11), веќе нема да се применува. Од годинава, жирито ќе ги рангира сите песни, освен својата, и тоа од најдоброто прво место до најлошото 25-то. Истата постапка ќе биде и со гласовите од публиката. Песната чиј збир на позиции е најмал ќе добие 12 поени. Вака им се дава можност и на песните што ќе добијат просечна наклонетост кај публиката и кај жири-комисијата да добијат поени при гласањето.

Со новиот систем на бодување целта е да се намали влијанието од гласовите од публиката која редовно им даваше 12 поени на соседите, без разлика на квалитетот на песната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top