Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози. Снег со слаб интензитет се бележи на патниот правец Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“ ( од село Узен до граничниот премин „Деве Баир“ ) со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Појава на магла има на патниот правец Страцин – Кратово – Пробиштип со видливост 50-100 м, патен правец Страцин – Куманово видливост од 50-100 м и на планински превалец Стража со видливост 30-40 м.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување на возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината според условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.