Кирил Лазаров е феноменот на Барселона и на македонскиот ракомет, стрелец од врвен калибар, што постојано е меѓу најдобрите бомбардери во Европа, најчесто на врвот, со епитетот крал на стрелците.
И во новото издание на Лигата на шампионите, десниот бек од Свети Николе е незадржлив во атакот да го освои третото признание за најдобар стрелец во Лигата на шампионите. По некомплетната осма рунда во најсилното европско натпреварување 34-годишниот Македонец е најефикасен со 64 погодоци. За него ништо невообичаено, бидејќи досега на двапати беше најдобар стрелец во ЛШ, по еднаш додека играше во Загреб и во Веспрем. Како играч на Атлетико Мадрид беше прв стрелец ба завршниот турнир за титулата на кој во Келн учествуваат четирите најдобри екипи на стариот континент.
Во 2009 на Светското првенство во Хрватска, Лазаров, беше во елемент и постигна неверојатни 92 гола за Македонија на 9 натпревари, ефект што претставува светски рекорд на ракометните мундијали.
Приказната за головите и прекрасните игри на Кирил немаат крај, а пред две години истиот подвиг го повтори и во дресот на нашата репрезентација со историски резултат. Со 61 погодок на ЕП во Србија 2012 година, Лазаров постави рекорд според бројот на голови на стариот континент. Никој пред него и потоа нема постигнато толку погодоци на Европско првенство.
Можеби тој самиот ќе успее да си го урне рекордот на СП, на престојниот мундијал во Катар што ќе стартува на 15. јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



